Невремето направи пустош во Лозово

Град со големина на тениско топче направи вистински пустош во Лозово. Уништени се пластеници, жито, лозови и овошни насади, а од силното невреме што после 23 часот го зафати регионот настрадале соларни панели, а пробиени се и неколку кровови на куќи. Оштетени се голем број на автомобили, а уништен е и возниот парк на општината.  

Нанесена е сериозна материјална штета на земјоделските посеви. Уништени се лозови насади, житни култури, овоштарници, многу автомобили, соларни панели. Реално, станува збор за си глетка, ова досега го немам видено„ изјави Бошко Цветковски, градоначалник на Лозово.

Бошовски за утре најави вонредна седница на Советот на која ќе се  формира Комисија  која на терен треба да ја утврди висината на штетите. Во меѓувреме општината веќе назначи лице кај кое граѓаните ќе може да пријавуваат.

Од она што го видовме на терен штетите се огромни, Државата мора да се вклучи и да им излезе во пресрет на земјоделците. Веќе имаме назначено лице кое ќе работи на таа проблематика и граѓаните може да ја пријавуваат штетата, за подоцна екипите да излезат на терен и да изготват елаборати со кои ќе се утврди штетата„ изјави Бошковски, градоначалник на Лозово.

Цветковски потенцира, ако надлежните навреме ги активираа  воздухопловите за авионско засејување на градоносните облаци, штетите немаше да бидат огромни. За неколку дена ова е второ невреме во Лозово. Силниот ветер откорна дрва, сруши магацин и помошни објекти, а во животна опасност стави граѓани кои во тој момент се движеа по локалниот пат за лозовото село Милино.

Александра Ристевска