НАЈНОВИ ВЕСТИ

Невремето ги сотре делчевчани, сега им се закануваат свлечишта

По поплавите, свлечиштата се нов проблем за делчевчани. Поради лизгање на земјиште во населбата Трети реон, постои опасност да се срушат две куќи. Нивната статика е нарушена. Локалната самоуправа чека насоки од Центарот за управување со кризи и други институции,како да се спречи лизгањето и да се заштитат домовите на кои им престои опасност од рушење.

  „Од едната куќа е одалечено десетина, а од другата дваесетина метри. Тоа се куќи од две страни на истиот дефект. Едната е погоре, другата подолу и да можеме на време да реагираме, за да не настане поголема штета и да не дојде до рушење на куќите на луѓето„ изјави Горан Трајковски, градоначалник на Делчево.

На вчерашната седница на Влада е разгледан извештајот што делчевската самоуправа го достави до Министерството за транспорт и врски. Само санацијата на раскопаните и пресечени улици ќе чини еден милион евра. Дополнително ќе се утврдува штетата на атмосферската канализација. Каква одлука ќе донесе Владата, ќе се знае во наредните два до три денови.

Бараат законска можност да ја задолжат дали Македонија пат, дали друга институција или јавно претпријатие за да може во најбрз можен рок ги санират штетите„ изјави градоначалникот на Делчево.

Поплавата во Делчево зад себе остави голема матрејална штета, а на тест ја стави и солидарноста. Општина Делчево отвори донатарска сметка, неколку општини најавија финансиска помош, а Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ низ целата држава организираше донаторска акција за собирање на храна и средства за хигиена. 

Александра Ристевска