НБА: ЛЕЈКЕРСИ И МИЛВОКИ ОБЕЗБЕДИЈА КОНФЕРЕНЦИСКО ПОЛУФИНАЛЕ

Кошаркарите на ЛА Лејкерс и Милвоки се пласираа во втората рунда од разигрувањето за титулата во НБА лигата.

Лејкерс синоќа во петтиот натпревар, повторно го добија дуелот со Портланд со 131:122 остварувајќи ја четвртата победа која им го донесе и конфернециското полуфинале. Ентони Дејвис имаше 43 поени, а Леброн Џејмс додаде  36 со 10 скока и исто толку асистенции.

Милвоки предводен од Јанис Адетокумбо обезбеди полуфинале на Истокот откако го совлада Орландо со 118:104 и ја мина првата рунда со скор 4-1. Грчкиот кошаркар очекувано беше најистакнат поеднинец во редовите на побендичкиот тим со 27 поени и 17 скока. Бакси им се приклучија во полуфиналето на бранителот на титулата Торонто, како и екипте на  Мајами и Бостон.

Хјустон поведе со 3:2 против  Оклахома, по убедливиот триумф од 114:80. Во редовите на Рокетс најубедлив беше Џејмс Харден кој средбата ја заврши со 31 поен.