На Kовачевски му истече рокот – ВМРО-ДПМНЕ ги повлече двата предлози, за нив единствен излез сега се избори

На Ковачевски му истече рокот. Двата предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за премостување на проблемот со уставните измени веќе не се на маса. Единствен излез сега се само предвремени избори. Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски рече дека премиерот имал доволно време, односно цели четири недели да се изјасни дали прифаќа уставни измени со одложено стапување на сила или влада на национално единство без ДУИ, но тоа не го сторил. ВМРО-ДПМНЕ сега би седнал на маса само да се договори датумот за избори, а партијата е подготвена да се откаже дури и од техничка влада со цел побрзо да се оди на гласање.

Нашата позиција е јасна, ние играме со отворен гард. Двете опции што ги понудив на лидерската средба беа на маса до овој момент, но се уште не слушнав од ковачевски која опција ја прифаќа, првата или втората. Од денеска има само една опција на маса – предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски во емисија на Канал 5.

Дел од аналитичарите велат дека секој предлог има рок на траење, па така и оној на Мицкоски. Професорот Климовски за Алфа вели дека очекувано е доколку Владата на одбере еден од условите на опзоицијата, по извесен период тие воопшто и да не важат, оти во конкретниов случај власта има потреба од ВМРО-ДПМНЕ, а не обратно. Предвремените избори кои ги нуди Мицкоски се нужност, вели Климовски, оти народот сака разрешница на проблемот со уставните измени.

Народот веќе нема да може да издржи и предвреме ќе сака да излезе на избори и да го затвори ова прашање, да ја затвори оваа агонија.  И затоа не само што е нужно и понатаму да ги чекаме и понатаму да не лажат со некакви нови термини за доставување на уставните амандмани, туку тоа е веќе неопходност, да се излезе да се каже своето мислење, да се смени оваа власт, и да се постави таму кај што треба, односно да одговара за сите состојби во кои не доведе, вели Климовски за Алфа.

Климовски смета дека вината што нема да можеме да ги почнеме преговорите со ЕУ и ќе останеме во чекалницата на европското семејство е во СДСМ, оти договориле услови кои не можат да ги испорачаат и токму заради нив ние ќе останеме повторно на маргините на Унијата. Обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ била кочничарот за евроинтеграциите, Климовски ги коментира како небулоза.

За едно такво прашање, вие да се однесувате арогантно, и целокупното владеење да го поставите само на сопственото велепредавство, а понатаму да сакате сега, тоа велепредавство кое гледате дека не може да ви помине и кога видовте дека еден ден ќе мора да се одговара, да го префрлите во дворот на опозицијата е проsирно, дегутантно, вели Климовски за Алфа.

Инаку на лидерската средба меѓу Ковачевски и Мицкоски, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ понуди две опции – уставни измени со одложено дејство, односно да стапат на сила откако Македонија ќе ги заврши преговорите и ќе остане само формалниот прием, или формирање на влада за национално обединување без ДУИ во неа, и таа да организира избори, како и гаранции за македонскиот идентитет и јазик, обврска и за Бугарија – да ги почитува пресудите на Евопскиот суд за човекови права. Ковачевски на лидерската пак понуди заедничка влада, итно изгласување на уставните измени, отоворање на неколку поглавја, а дури потоа избори.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста