На 70 годишне битолчанец МВР му издало лична карта со новото име на државата со важност од 1 година
Откако се изначекал еден месец да го повикаат од Одделението за внатрешни работи,седумдесет годишниот битолчанец, Петар Насевски кој уредно ја запазил постапката за промена на личните документи пред истекот на крајниот рок,конечно на 26.јуни лани извадил лична карта со новото име на државата.Но, уште не заминат од шалтерот каде што ја подигнал, забележал дека наместо 10 години, личната карта е со важност од една година.
- ”Значи ова не можам да сфатам за една година ми ја давaат личната карта со Република Северна Македонија.А каде се обративте кога видовте? На шалтар кај да се обратам, таму гужва невидена во внатрешни.Им велам што е оваа работа ? Креваат раменици,им велам само за една година ми ја давате. И немаат коментар и тие и си ја зедов,немам што да правам муабет”-вели Насевски.
Не се проблем парите кои треба да се платат за сега од ново да вадам лична карта,иако 400 денари не се малку пари, колку што е тешко на овие години малтретирањето и чекањето по ходници, вели Насевски кој одмара на охридската ривера. Не им верував на очите вели,дека за неколку месеци пак треба да вадам нова лична карта и да ги јадам турканиците и гужвите по шалтерите.Во МВР прашаваме како е направен овој превид и дали се случуваат вакви грешки?
- ” Ве известуваме дека личната карта е издадена согласно чл.7 став 3 од „Закон за лична карта“ каде е наведено дека „На граѓанинот кој најмалку два пати ќе ја загуби личната карта или на друг начин ќе остане без неа, заменетата лична карта му се издава со рок на важење од една година” велат од МВР.
Иако Насевски воошто не ја загубил личната карта, од МВР уверуваат дека тој два пати поднел барање за издавање на дупликат на лична карта.Ако било така,прашање е зошто битолските службеници во полицијата наместо да дигаат раменици,не му објасниле на Насевски зошто личната карта има важност од една година.
Инаку, до февруари 2024 година, граѓаните имаат законска обврска да ги сменат сите лични документи на кои наместо досегашното име Република Македонија, треба да стои новото име, кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција.Ова важи за личните карти, пасоши, возачка и сообраќајна дозвола, но и регистарски таблички.
Росица Голабоска