На следната седница на ЗЕЛС ќе се разговара за Мерко

ЗЕЛС на наредната седница ќе го чешла струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на кого не му текнува да си поднесе оставка од кога се најде на американската црна листа поради корупција и мешање во судски процеси.. Претседателот на непрофитната организација на македонските општини, Орце Ѓеорѓиевски,најави дека градоначалниците ќе отворат дебата за случајот Мерко.
- „На наредната седница“, рече Ѓеорѓиевски.
ЗЕЛС е непрофитна организација и единствена национална асоцијација, во која на доброволна основа членуваат сите 80 општини,но дека Мерко не можат да го исклучат, рече охридскиот градоначаник Пецаков, кој е член на Управен одбор на ЗЕЛС.
- “ Дека имаме можност да ги искучиме не, тој не ниту осуден туку е ставен на црна листа на Америка заради корупција итн, која што државата после ставањето на црна листа кажа дека ќе испитала и видела дека има доста недостароци.Видете, ние не треба да чекаме некој да ни каже дали е корумпиран или не, ние треба да имаме правосуден систем кој што тоа ќе го работи на дневна основа,неповрзано со градоначалникот или било кој друг”- вели Пецаков, на 03.07.2023 година.
Четиринаесет години,удобно сместен во градоначалничката фотеља, на Рамиз Мерко не му се заминува од лагодната позиција.И покрај скандалот во кој се најде, тој не поднесува оставка од фукцијата градоначалник на Струга.
И додека, се чекаат судските и обвинителските извештаи за предметите за Мерко, тој единствено преку Фејсбук статус порача дека ќе ја доставел навреме сета потребна документација, бидејќи секогаш бил транспарентен за органите на правдата. Додека тече четвртиот градоначалнички мандат на Мерко, во претходните три против него беа поднесени 14 кривични пријави,но само еден предмет е процесуиран во струшкиот Основен суд .
Матичната партија ДУИ се откажа привремено од него со замрзнување на членството, но ниту лидерот Ахмети ниту министерот Османи побараа оставка: Не биле жители на Струга па не можеле да бараат Мерко да си замине од градоначалничката функција.