На пензионерите им „пука филмот“-бараат линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите

Одлуката на Министерството за труд и социјална политика и фалбите на ресорната министерска за зголемувањето на пензиите за 6 проценти, ги изваде на улица прилепските пензионери. Самоорганизирајќи се, а гневни, револтирани и лути, за како што велат, мизерните пензии кои ги земаат, особено оние од најниската група, бараат пензиите итно да им бидат зголемени линерано за 3.500 денари, а некако досега зголемувањата да бидат процентуални. Во спротивно, се закануваат со секојдневни протести, не исклучувајќи ја можноста тие да бидат и радикализарани, бидејќи како што велат, тие сега се на работ од егзистенцијата. Реагираат дека ако досега преживувале, сега не можеле ниту да преживеат.