На Охридското езеро му се заканува катастрофа – канализациска вода непрочистена се влева во езерото

Од почетокот на годинава,практично цели 8 месеци анализите на Центарот за јавно здравје покажуваат дека на одредени делови од крајбрежјето езерската вода не смее да се употребува нити за капење,рекреација па дури и за спортови на вода бидејќи е од 5-та класа. Најголемо загадување е детектирано во месноста Мазија, кај Едриличарскиот сојуз кој се наоѓа веднаш до мостот кај каналот Билјанини извори.Она што загрижува е што таму секојдневно едрат деца,а водите што се земени за испитување и од самите канали и од плиткиот дел на езерото покажуваат класификација која е многу загадена ,хипертрофична вода-потенцираат од Центарот за јавно здравје.

Таму дефинитивно Едриличарски сојуз не треба да постои, едрилица во вода не треба да се стави.5-та класа беше повторно од цевката која што атмосферска вода треба да носи, а таму шика вода со фекалии.Па јас не знам до сега жолтица како не добиле тие мене не ми е јасно – изјави д-р Лидија Симоноска-Центар за јавно здравје Охрид.

Проблемот лежи во мешањето на атмосферската и канализациона вода кои непрочистени се влеваат во езерото.

Понекогаш и во самиот град, во крајбрежието, понатака на источното крајбрежје кај Пештани, Трпејца, Љубаништа,тоа е затоа што сеуште тој прстен од цевковод кој што служи за одведување на отпадните води не е завршен, а една причина битна е и тоа што суште не се целосно одделени атмосферската со фекланата канализација изјави Ѓоко Зороски.

Ова вака не можи!Добро е што трската е таму па трската е како бариера, иначе таму каде што се изливаат овие фекални материи, јас не знам што ќе биде и плажите околни ќе се катастрофа.Едино ако не,нека се исуши езерово па сите ниви нека работат, обработлива површина нека стане, тамам ќе биде добро гноена таа површина,ето толку ќе кажам – изјави д-р Лидија Симоноска-Центар за јавно здравје Охрид.

Загрижува што и во манастирскиот компекс Свети Наум отпадни фекални води од јавните тоалети и од бројните угостителски објекти се влеваат во езерото.Од Центарот за јавно здравје со препорака со надлежните:да се изнајдат објектите кои фекалните отпадни води ги имаат приклучено во атмосферската канализациона мрежа и во најбрз можен рок да се санираат овие проблеми кои можат да доведат до еколошка катастрофа во езерото.

Росица Голабоска