На Нејмар му се заканува затворска казна од шест години

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар му се заканува затвор до шест години за измама и корупција, при преминувањето од Сантош во Барселона во 2013 година.

Поранешниот претседател на клубот, Сандро Росел, поранешниот претседател на Сантос – Одилио Родригез Фиљо и родителите на 26-годишниот фудбалер, исто така, се вмешани во случајот.

Случајот беше отворен по жалбата на бразилската инвестициска компанија „ДИС“, која поседуваше дел од правата на играчот.

Според каталонскиот клуб, Нејмар преминува во клубот за сума од 57,1 милиони евра, од кои 40 добиваат семејство на играчот. Сантош добива 17,1 милиони евра, а 6,8 од нив се платени на инвестициска компанија.

Според шпанските правосудни органи, трансферот чини најмалку 83,3 милиони евра.

Обвинителството бара најмалку две години затвор за играчот, но состав од тројца судии допрва треба да одлучат за прашањето и случајот.

Нејмар играше за Барселона од 2013 до 2017 година, а летото 2017 година се пресели во француски ПСЖ за сума од 222 милиони евра.