НАЈНОВИ ВЕСТИ

На македонските патишта има двојно повеќе жртви од просекот во ЕУ – што треба да преземе државата?

Дали трагедијата кај Лепенец во која загинаа тројца луѓе ќе ја “освести” државата итно да почне да бара решение за поголема безбедност на патиштата? Според сообраќајните експерти во Македонија патиштата не се безбедни. Ситуацијата ја отежнува и тоа што немаме систем што покажува – каде и зошто има најмногу несреќи, за разлика од европските земји. А без таков систем, тешко може да се намали домашниот црн биланс од 75 загинати годишно на милион жители, што е двојно повеќе од европскиот просек.

“Освен тоа што патиштата се релативно небезбедни, се забележува и огромна стагнација на ангажираност на институциите за да се подобри оваа состојба.И тоа не е да речеме година,две..тоа е во континуитет” – вели инженерот Игор Митревски.

Инженерот Митревски вели дека државата треба посериозно да постапува со патната инфраструктура, а тоа значи дека треба да се вложува во изградба на поквалитетни патиштата.

Многу е важна патната инфраструктура, значи изработка на квалитет на патна инфраструктура е примарно врз намалување на бројот на жртвите во сообраќајот” – вели Митревски.

Инаку последните статистики од МВР говорат дека само во периодот јануари- мај годинава, животот го загубиле 44 лица. Лани во сообраќајни несреќи загинале 124 лица.

Во 2022 година имало 7.806 сообраќајни незгоди, од кои најголем број на подрачјата на СВР Скопје 3.119 и СВР Тетово 1. 117.

Ања Лукарова