На Македонија и претстои енергетски најтешката зима, состојбата е алармантна, во најава кризна состојба

Македонија е пред енергетски најтешката зима. Покрај уверувањата дека имаме алтернатива за рускиот гас од кој во моментов сме 100 проценти зависни експертите алармираат дека не се реагирало на време и дека во периодот кој следи државава ќе се соочи со недостаток на гас.  Според Константин Димиров алтернативните решенија ќе донесат проблеми и во набавката и во транспортот на гас затоа што на време не се направиле долгорочни договори.

Можеја да се договорат транспортот на гас за нас ако државата не сака да спроведува казнени мерки против Русија, да се договори и да транспортира до Македонија иако Бугарија не купува. Изјавата дека ќе купуваме гас од Азербеџан таму не се купува на кило се купува на договор на 5-6 години . Без гас од денеска се јавува многу сериозен проблем, ама затоа викаме ЌЕ купиме мазут- кога , кога ќе поскапи малку нормално, зошто провизијата е на трговците, вели Константин Димитров експерт за енергетика.

Министерот Бектеши вчера најави дека ќе биде воведена кризна состојба од август со цел ЕСМ да набави мазут и јаглен за работа на термоелектраните. Бектеши најави  дека не очекува најтешката зима до сега, но засега не најави рестрикции по примерот на останатите земји

Пред колапс е и бизнис секторот поради неизвесноста дали компаниите ќе имаат гас и по која цена ќе го плаќаат од септември, а дополнително покрај што цената на гасот за еден месец се покачи за 100 отсто, енормно расте и  цената на струхата на ХУПЕКС берзата која  достигна и до 600 евра за мегават – час.   Дополнително оптоварување на енергетскиот систем може да биде и тоа што поради недостигот на гас многу од домаќинствата ќе се префрлат да се грејат на струја.

Македонија редовно увезува електрична енергија . Еве во овој летен период кога има намалено работа на индустријата, кога нема загревање , кога се уште имаме доволно вода во езерата на есен ќе нема вода за хидропотенцијал , ние имаме недостаток на електрична енергија и увезуваме секој ден мешу 20-30 проценти. И очекуваме во зима кога ќе се зголеми потрошувачката барем за 40-50 проценти ќе произведуваме електрична енергија ? Велиме „ЌЕ“ . Загрижени сме за да произведе треба јаглен, едно е да купиш јаглен, а друго е да го пренесеш, вели Димитров.

Во меѓувреме и прогнозите од ЕУ се прилично лоши – меѓународната агенција за енергија им порача на земјите – членки дека ќе треба да ја намалат потрошувачката за 20 отсто во споредба со денес за да ја преживеат зимата во услови на закани од целосно прекинување на рускиот гас.

Кристина Алексиеска