На Косово шестмина обвинети за планирање терористички напади

Косовски обвинители соопштија дека против шест лица се поднесени обвиненија за планирање терористички напади и регрутирање за екстремистички групи.

Како што јави Танјуг, во соопштението не е прецизирано за какви терористички напади станува збор.

Приштинскиот весник „Газета експрес“ наведува дека тие се обвинети за подготовка на напади на Косово и во европски земји, а нивна цел бил и КФОР.

Шестмината обвинети биле уапсени во јуни годинава.