На кого му шефува Ковачевски и дали воопшто разговара со министрите за актуелните прашања?

16 министерства и уште четворица вицепремиери брои тимот на премиерот Ковачевски со кој оддржува седници, преговара и договара, но очигледно попусто.
Премиерот за актуелните прашања поврзани со работата на министерствата, никогаш не е информиран. Министрите како да работат без шеф. Или поконкретно кога новинарите бараат одговор од првиот човек на Владата за актуелните прашања тој често е неинформиран.
Пример Ковачевски не знае колку ќе чинат хонорарите на членовите на работната група за уставни измени.
Хонорарите тоа ќе треба Министерство за правда да го определи, на каков начин ќе биде согласно закон и правилници. Кога ќе биде направено ќе биде соопштено, вели Димитар Ковачевски, премиер на Македонија
Ковачевски исто така не е информиран што ќе преземе министерот за образование во врска со лавината негативни реакции во јавноста за спојувањето на повеќе наставни предмети во еден.
Јас би сакал заедно со министерот за образование да ви одговориме и со оние кои се задолжени за изработка на наставните програми, со оглед на тоа дека има стручни делови кои треба да се објаснат бидејќи не би сакал да навлегувам во стручна експликација на нешто што го потговуваат стручни лица бидејќи одговорот сигурно има суштина, тоа сакам да го направам со нив, вели Димитар Ковачевски, премиер на Македонија
Ковачевски пред само еден месец не знаеше зошто програма на македонската радио телевизија не се емитува во Бугарија, како што се емитува програмата на бугарската национална телевизија кај нас, па чекаше да му каже министерот Бујар Османи и директорот на МРТВ.
Правда, образование, надворешни работи се само неколку од владините сектори за кои Ковачевски не знае да каже што сработеле министрите.
Паула Костадиноска