На земјоделците им пука филмот – бараат вистински мерки и решенија за да нема протести

20 денари откупна цена за килограм пченица, враќање на субвенциите за оризов семенски матрејал и задолжителна откупна цена за сите земјоделски производи. Ова се трите барања кои деновиве Мрежата на индивидуални земјоделци ќе ги достави до Министерството за земјоделство. За одговор даваат рок од седум дена, во спротивно најавуваат протести.

Производна цена, заштитна и економски оправдана цена. Доколку тие барања не ги исполнат ние ќе стапиме во генерален штрајк. Ќе им дадеме рок од седум дена. Овој пат нема да одиме во Скопје, да дојдат овде и да се договориме„ изјави Здравко Арсов од Националната мрежа на индивидуални земјоделци.

Од Националната мрежа од Инститот за земјоделство побарале, да ја утврдат овогодинешната производна цена на пченицата и пченката. Велат, дека секоја нова сеидба носи неизвесност за македонскиот земоделец. Ниската откупна цена, а големите давачки им го јадат трудот.

Наместо да не стимулираат, тие не дестимулират. Ќе ги напуштеме нивите, нема што да сееме. Дали е пченица, пченка или лозови насади, сите сме во исти кош ставени„ изјави Здравко Арсов, од Националната мрежа на индивидуални земјоделци.

Во тек на жетва на јачменот, земјоделците се незадоволни од откупната цена , која годинва за разлика од лани е за речиси 50% пониска. Стравуваат дека исто ќе се случува и со пченицата, која годинава поради обилните врнежи од дожд во одредени региони нема да го даде посакуваното количество на род.

Алексадра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста