На Дурмо Турс не му е прв пат да излетува од пат, лани во Косово го извлекувале со кранови

Три дена по кобната среда каде црвениот автобус на смртта, се преврте и одзема 15 животи , обвинителството не открива детали за причините на несреќата , работеле интензивно на прибирање на материјалните и вербалните докази.
Издадени се наредби за вештачења на автобусот, чии извештаи ќе дадат релевантни податоци за понатамошниот тек на постапката. Се сослушуваат лица кои можат да дадат податоци потребни за предметот, но и се прибира целокупната документација од друштвото кое го вршело превозот и возилото, велат од Обвинителството.
Гостиварската компанија чиј автобус бил на технички преглед во станицата на истиот сопственик , не престанува да ја бранува македонската јавност. Дополнителен сомнеж за исправноста на возилата на Дурмо Турс е и вчерашниот дефект на автобус, кој според изјавите на очевидци воопшто и не стигнал до крајната дестинација, бидејќи при тргнување му се закочиле задните тркала и бил отстранет од сообраќај.
Но ова не се првите случаи каде возилата гостиварскиот превозник имаат технички проблеми. Минатата година, според пишувањата на косовските медиуми, автобус на Дурмо турс се излизгал на пат кон Приштина, и два дена стоел покрај автопатот. За среќа овој инцидент тогаш не поминал со трагични последици.
Инаку сопственикот на компанијата вчера изјави оти најверојатно причината за несреќата е кај возачот кој како што кажал во разговор со вработени имал здравствени проблем. Министерството за транспорт и врски информираше дека „Дурмо турс“ има 18 линии за меѓународен превоз и 36 сертифицирани возачи, покрај меѓуопштинската линија Скопје – Гостивар. „Дурмо турс“, според Министерството за транспорт за меѓународниот и за меѓуопштинскиот превоз, има вкупно 40 автобуси.

Meри Ѓорѓиевска