На големите компании им се заканува колапс – бараат државна помош

Неизвесна зима за бизнис секторот. Најавата за евентуално ново покачување на цената на струјата по новогодишните празници, во грч ги држи големите компании. Потребна е државна помош, во спротивно дел од компаниите кои се на слободен пазар на електрична енергија ќе бидат принудени да стават клуч.  

  „Цените на берзата во Будимпешта во моментот се добри за разлика од летниот период и ако останат вака ќе бидат добро. Но нема никаква гаранција дека состојбата ќе остане вака. Дури некој предвидувања се дека по Нова година драстично ќе имаме пораст на цените на струјата . Така да опасноста од пропаст на големи компании кои вработуваат многу луѓе и понатаму постои„-изјави Ангел Димитров од Организација на работодавачи.

Во наредниот период владата треба да направи добра анализа на кои стопански гранки им е најнеопходна помош. Реална поддршка треба да има за оние компании кај кои струјата драстично учествува во технолошкиот процес. Како евентуална мерка што би помогнала е и субвенционирање на придонесите, посочуваат од Текстилниот кластер..

  „Кај нас придонесите учествуваат во голем процент во бруто платата и секако намаувањето на тој трошок би ни помогнало да ги пребродиме зголемувањето на другите трошоци„-изјави Кире Нашков од Текстилниот кластер.

Берзанските цени на струјата  годинава се 5 до 7пати повисоки од изминатата година, а летните месеци  киловатчас достигна и над 500 евра што  под знак прашалник ja доведе ликвидноста на многу компании во државата. 

Александра Ристевска

Advertisements

Поврзани вести