„На врвот на светот, и потоа“ – пред 10 години д-р Кедев го освои Монт Еверест

На денешен ден, пред 10 години, кардиологот – Сашко Кедев, стана третиот Македонец, кој го искачи највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Доктор Кедев, е и единствениот Македонец, што ги има искачено највисоките планински врвови, на сите седум континенти.

-Сите сакаме да ја најдеме вистината, патот до неа е долг, неизвесен, полн со ризици, и без кратенки, но, на крајот, кога ќе ја најдеме, разбираме – дека не можеме да го избегнеме страдањето – вели Ведев.

По повод 10 – годишнината од освојувањето на Монт Еверест, доктор Кедев, на 28 мај, во малата сала на македонската филхармонија, ќе одржи презентација, насловена – „На врвот на светот, и потоа“.