На владина седница усвоен предлогот УБК да се раздвои од МВР

Дали Контраразузнавачите имаат полициски овластувања, кој ќе контролира кого следат, снимаат или фотографираат, какви извештаи пишуваат.  Надзорот на УБК најверојатно ќе остане по старо како и досега иако владата на голема врата убедува дека носи реформи на Управата. На вчерашната владина седница усвоен бил предлогот УБК да се раздвои од МВР, односно да биде независна агенција под капа на Владата.

Миле Бошњаковски –Идејата е баш во насока на тоа што прашуваш, да се намали да не постои концентрација на моќ помеѓу службите и оваа реформа не се однесува само на УБК, туку се однесува и на реформите коишто доаѓаат во военото разузнавање и во Агенцијата за разузнавање.

Контраразузнавачите и досега беа под надзор на две собраниски комисии, едната за контрола на прислушувањето, а втората работата на контраразузнавачите и разузнавачите. По низата скандали со нелегално прислушување  Големото уво на Црвенковски, но и  бомбите на Заев, под притисок на меѓународната заедница, УБК мораше да се реформира. Актуелната власт, тоа го стави во надлежност на новоформираната агенција ОТА. Која треба да следи комуникации за УБК, царина, Воено разузнавање и финансиска полиција. Експертската јавност го критикува и овој модел на реформи. Според нив припадниците на УБК повторно ќе имаат одврзани раце.