На владата и се виновни родителите што не најдоа соодветна стратегија за старт на учебната година

Власта ги обвинува родителите за сопствената неспособност. Иако повеќе од шест месеци учениците, родителите и наставниците ги поминаа во неизвесност, чекајќи прецизна стратегија за старт на новата учебна година која се уште ја нема – за министерката Царовска протоколите за физичка и онлајн настава биле донесени навремено. Сепак Царовска вината ја фрли кај родителите.

“Сега се е јавно достапно, сите протоколи се јавни. Затоа би ги замолила и родителите и медиумите да ги читаат материјалите и да се информираат за да можат да донесат информирана одлука, и тоа е најважно во овој момент.” – вели министерката за образование, Мила Царовска.

Незадоволни останаа и средношколците. Одлуката за комбинирана настава не ги задоволува нивните барања. Денеска предупредија  дека остануваат две неисполнети од оние што на протест ги побараа.  

“Сепак, две барања останаа неодговорени. Првото барање е симболично – признавањена средношколците како рамноправни партнери во донесувањето на одлуки. Одговорот на ова барање ќе го согледаме во иднината преку односот на институциите кон нас –дали властите ќе користат инклузивен пристап?.“ – се вели во реакцијата на Сојузот на средношколци.

Средношколците и понатаму остануваат на ставот  – доколку не се воспостави комбинирана настава каква што бараат, ќе започнат со бојкот на онлајн наставата од 1 Октомври.