На Арсовска не ѝ е гајле за колапсот на Скопје, го прати секретарот да прочита изјава без новинарски прашања

Трет ден Скопје е во колапас, под 24-часовни блокади на приватните превозници. Градоначалничката Данела Арсовска се крие и ја нема никаде – да каже како ќе го запре малтретирањето на граѓаните кои не можат да стасаат на работа, на лекар или во училиште. Ама затоа го прати секретарот на Градот Зоран Глигоров, да ја прочита изјавата од лист хартија во која кажа дека градското раководство не било криво за хаосот, но не сакаше да му поставиме прашање, па си замина.

  • Го повикуваме МВР да реагира согласно законски овластувања и да преземе мерки бидејќи поради одреден приватен личен интерес штета трпат Градот и граѓаните, рече Глигоров, кој побара новинарите да му постават прашања на електронска пошта, а новинарите протестираа и рекоа дека повеќе нема да дојдат да бараат изјава зашто нема да можат да очекуваат дека ќе можат да поставуваат прашања.

Правдата е на страна на приватните превозници. Проблемите наместо да се решаваат, тие секој ден стануваат се поголеми, се огласи и Лелнин Јовановски, по кратката прес конференција на секретарот на Град Скопје. Рече дека бил излажан од Арсовска за се што ветила, и се повлече од протестите.

  • Точно мене ми е жал што пред јавноста и ја дадов мојата максимална поддршка и што бев измамен од некој човек, којшто многу перфидно да излаже, да заведе и да ти даде лажна надеж. Не сум само јас излажаниот, тоа што ми го говореше на мене побарав да им го каже и на превозниците, а заедничката трибина таа им ветуваше подобри услови за работа, па поради тоа ја поддржаа. Јас лично сум признавам, дека сум изманипулиран и тоа ако можам да кажам на еден начин којшто само им поминува на психопатите, кои многу успешно знаат да ви се наметнат и излаат додека им требате. Кога јас застанав зад приватните превозници, следниот ден јас бев веќе непријател на градоначалничката, која со најгруби зборови и без аргументи ме нападна мене, вели Јовановски.

И додека нема никаков епилог од протестите, сиот товар паѓа врз грбот на граѓаните кои едвај стигаат до саката дестинација.

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ протестираат оти Јавното сообраќајно претпријатие и Град Скопје им должат пати. Тие останаа без дозволите да вршат јавен превоз во главниот град поради што се решија на блокади на три големи крстосници во главниот град.

Град Скопје сега им нуди на приватните превозници индивидуално да склучат договор за превоз со Градот, оти „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ немаат право повторно да се пријават.

Арсовска стана градоначалничка на Скопје со ветувањето за брз, ефикасен и бесплатен јавен превоз, како и набавка на 250 електрични автобуси. И наместо тоа, во Скопје се случува хаос со јавниот превоз, и не се гледа решение на проблемот.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести