НАЈНОВИ ВЕСТИ

На американската црна листа има повеќе владини функционери

На црната листа на САД, засега од Македонија се наоѓаат повеќе од 10 лица, меѓу кои и двајца коалциони партнери на Ковчаевски. Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски кој беше и советник за странски инвестиции, како и Мендух Тачи, од ДПА и актуелен пратеник од владејачкото мнозинство.

Македонија сака да влезе во ЕУ, дури е подготвена да ги внесе и Бугарите во Уставот, но ни самите сме очигледно свесни дека заради корупција патот ќе ни биде закочен, сметаат дел од аналитичарите. Ставањето на црна листа на стружкиот градоначалник Мерко, го отвори прашање како ќе станеме дел од европското семејство кога владата не ги практикува европските вредности.

Пекевски за Алфа вели корупцијата ја сотре државава, актуелни функционери ем се на власт ем на црна листа на нашиот стратешки партнер САД, ова и те како ќе биде проблем ако сакаме да се не останеме вечно во ЕУ чекалницата.

Во Македонија се толерира криминалот,корупцијата и нелегалноста. Тоа се пречките наши кон ЕУ, не е само Рамиз Мерко кој е на црната листа. Во моментов еден куп актуелни наши политичари кои ја злоупотребуваат власта преку потпишување на високо коруптивни договори, на пример за Бехтел и Енка кој не се дава да се види, доделување на разни концесии, истражување и сл. Зборуваме за транспарентност, отчетност и борба против корупција, а самата власт тоа го прави внатре, заради тоа ние не можеме да влеземе во ЕУ. – Вели аналитичарот Пекевски.

Универзитетскиот професор Саво Климовски со сличен став, вели за одредени лица на црната листа на САД од Македонија има индиции за недозволиви дејствија, во нашата држава ниту нешто е превземено околу ниту пак властите имаат срам и си ги земаат во Владата.

Мора Ковачевски да има барем малку доблест, малку срам, да погледне околу себе и да види со кого е опкружен. Веднаш ќе треба да превземе мерки, независно колку тие мерки ќе го чинат. Макар и само политичка и морално одговорност. На тој начин ќе расчисти и ќе погледне дека негови коалицони партнери се и ДПА и Обединети за Македонија. – Смета универзитетскиот професор Саво Климовски.

Климовски вели одговорност за што се случува во владејачката коалиција има и СДСМ, не само ДУИ, оти Ковачевски знаел со кој коалицира.

Иако коалицира со лица од црната листа на САД, Ковачевски си ја продожува соработката со нив, оти тие биле избрани од граѓаните.

Инаку Ковчаевски соработува и со други лица кои се или биле на црната листа, како Љубчо Георгиевски, од ВМРО-Народна, кој пред неколку години е симнат од листата.

Мери Симоновска