На автопатот Кичево – Охрид никако да му се види крајот
Иако и по цели 8 години и три продолжувања на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид на кој не му се гледа крајот, министерот Бочварски уверува дека истиот ќе бил готов и пуштен во употреба до крајот на 2023-та година. На 57-те километри од автопатската делница која требаше да биде готова во 2018-та, убедуваше дека работеле преку 700 работници и 280 градежни машини, кои никој не ги виде.Кога тргнавме од Охрид кон селото Горенци,што е на 8,5 км од градот,на терен имаше не повеќе од 20-тина работници,кои работеа на сета можна механизација која беше донесена на локацијата каде што министерот се сликаше и вршеше увид.Го прашавме каде ги изброи 700 работници?
Надзориот орган има обврска да ја следи работата на терен во име на државата и да ја информира и Владата,договориот орган, Ј.П. за државни патишта,министерството,колку работници има на терен,колку механизација и на кој позиции се работи во моментов.И како ќе се комплетираат градежните позиции така и ќе ги завршуваме сите овие градежни позиции, изјави Минстерот за транспорт и врски Благој Бочварски
И денес побаравме од изведувачот да ја зголеми динамиката на изградбата на автопатот со позасилено темпо, вели Ејуп Рустеми директорот на Ј.П. за државни патишта
Неизвесно е и дали изградбата на најскапиот автопат во Европа, ќе ја надмине сумата од фантастични 600 милиони евра?
Министерот Бочварски, кој лани во месец мај негираше дека автопатот поскапел и дека се потребни дополнителни сретства,сега не ја исклучува можноста безмалку децениската изградба на автопатот да чини уште повеќе.
Во моментот не можеме да утврдиме дали ќе се потврдат такви најави во однос на цената на чинење која е утврдена на 598 милиони евра.Сведоци сме на осцилациите кои се јавуваат согласно светските трендови на градежните матерјали, додава Бочварски
Ако на автопатот кој бил врвен приоротет на државата,се работи како денес, со асфалтирање на 200 метри од делницата,прашавме дали ќе се изгради автопатот Кичево –Охрид за година и пол колку што е предвидено? Бочварски тврди дека биле пробиени 95% од трасата на автопатот.
Росица Голабоска