Најстудено во Берово -4, најтопло во Дојран осум степени

Најстудено утрово е во Берово каде е измерена температура од -4 степени, а најтопло е во Дојран, 8 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје-Петровец измерени се  -3 степени, -2 се бележат во Струмица, -1  во Тетово и Демир Капија, нула во Прилеп, Куманово и Маврово, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, Дебар и Крива Паланка, 2 во Штип, Лазарополе и Претор, 3 во Охрид и Крушево, 4 во Пожаране, 5 во Тополчани и Виница, а 6 степени во Ѓуриште.

Во поголемиот дел од земјава времето е ведро и студено. Во Скопската и Струмичката котлина, во Демир Капија и дел од Пелагонија има појава на слаба магла. Во североисточниот дел од земјава дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со слаб источен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со слаба магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 17 степени

Од утре, како што најавуват од УХМР, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините и ќе услови позначително опаѓање на дневната температура