Најсовремените борбени авиони Ф-35 ќе ја гарантираат безбедноста на македонското небо
Два најсовремени воздухопловни ловци Ф-35 денеска слетаа во касарната „Страшо Пинџур“. Борбените авиони на националната гарда на американската сојузна држава Вермнот, ја демонстрираа подготвеноста на НАТО да ја заштити безбедноста на своите земји членки како и тридецениското партнерство помеѓу Македонската армија и националната гарда на Вермонт.
„Овој елемент на интеграција во НАТО на националниот воздушен простор за нас е една од најважните активности на војската во мирновременски услови. Важно е да се истакне дека аеродромите во Македонија можат да обезбедат поддршка за авионот Ф-35 во извршување на различни мисии во воздушниот простор на НАТО“ – Славјанка Петровска, Министерка за одбрана.
Полковникот Џон Мекреј истакна дека самостојно ниту една земја не може да се справи со сите безбедносни предизвици и дека партнерствата ни ја даваат колективната сила.
„Македонија обезбедува обука и ресурси за воздухопловните сили на НАТО преку воениот аеродром во Петровец и полигонот за обука Криволак кои ни се потребни за да ја одржиме нашата подготвеност. Воздухопловните сили на НАТО, пак, имаат шанса да тренираат заедно со вашиот Воздухопловен Винг и Армијата за да ја гарантираат сегашната и идната безбедност на Северна Македонија, на балканскиот регион и на Европа“ – Изјави Џон Мекреј, Полковник на националната гарда на Вермонт.
Авионите повторно ќе го прелетаат небото над главниот град во попладневните часови.
Никола Цветкоски