Најновото дело на професорката Улчар открива како се формирале македонските презимиња

Најновото дело на професорката Елка Јачева Улчар, „Презимето кај Македонците“ ја открива историјата и потеклото на презимињата кај македонската нација.

„Неочекував дека ќе има толку народ веројатно луѓето не разбрале добро, очекуваа дека ќе слушнат за потеклото на своето презиме. Книгата не е речник на презимиња. Ова е книга која го покажува историјатот на категоријата  презимања.Тоа во основа е како се формираат, дали имаат словенско потекло.  Разгледував и презимиња со турски јазичен елемент и со влашки. Не беше тешко бидејќи моите претходници што работеле на македонските презимиња оставиле богат материјал. За жал материјалот во речникот е застарен односно е од пописот од година“ , вели Улчар.

Пред неколку дена во Музејот на револуционерната борба на Македонија се промовираше најновото издание од лингвистката, македонистка и ономастичар, професорката на институтот по македонски јазик, Елка Јачева Улчар. Станува збор за нејзиното најново дело „Презимето кај Македонците“ во издание на „Менора“.

Промотори на ова капитално дело се: Игор Радев, Александра Чиварзина и Катерина Тодороска. Во музичкиот дел на промоцијата настапуваа Иван Наумовски – бас баритон, во пијано придружба на Елена Атанасовска-Ивановска, со композициите на Дарија Андовска, испирирани од 3 македонски песни. Модератор на настанот беше Татјана Алексиќ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста