Најмалку 52 лица загинаа во пожар во висококатница во Јоханесбург

Најмалку 52 лица загинаа денеска во пожар што избувна во висококатница во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, соопштија локалните служби за вонредни состојби.

Портпаролот на службата за итни случаи Роберт Мулауџи изјави дека 43 лица се повредени во пожарот кој избувнал рано утрово. Според него, бројот на жртвите може да се зголеми.

„Во тек е операција за пребарување, а пожарникарите се движат внатре во зградата. Тимот досега извлече 52 тела, рече тој, додавајќи дека најмалку едно дете е меѓу загинатите и дека може да има повеќе луѓе заробени внатре.

Властите соопштија дека пожарот е делумно изгаснат. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста