Најмалку 23 повредени во земјотресот што ја погоди јужна Турција
Најмалку 23 лица се повредени во земјтресот со јачина од 5,2 степени по Рихтеровата скала што вчера вечер ја погоди јужна Турција, јавуваат медиумите. Според турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа најголем дел од лицата се здобиле со повреди при пад или скок од голема височина. Гувернерот на Малатија, Ариф Јилмаз изјавил дека, според привичните информации, во потресот била урната напуштена зграда, а приватната телевизија НТВ објави дека се видливи оштетувања на зградите како последица на земјотресот
