Најмалку 17 загинати при железничка несреќа на Тајван

Најмалку 17 лица загинаа, а околу 80 други се повредени денеска кога патнички воз излета од шините во округот Илан во источниот дел на Тајван.

Како што јави ДПА, при инцидентот се превртеле пет од осумте вагони на возот.

Причините за несреќата засега не се познати.