Најмалку 14 жртви во автобуска несреќа во Судан

Најмалку 14 лица загинаа, а 37 се повредени во превртување на автобус во Судан.

Според локалните медиуми, несреќата се случила на пат меѓу покраината Дарфур и главниот град Картум.

Полицијата соопшти дека до несреќата дошло откако на патничкиот автобус му пукнала предната гума по што излетал од патот и се превртел.