Најмалку шест жртви во поплави и свлечишта во Индонезија

Најмалку шест лица, меѓу кои две деца, загинаа во поплави и свлечишта предизвикани од обилните дождови во централните делови на Индонезија.

Властите соопштија дека во јужниот дел на Суматра поради свлечиште се раселени повеќе од две илјади луѓе, неколку мостови се оштетени и нема електрична енергија.

Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем.