Најмалку шест жртви во невреме во Рио де Женеиро

Најмалку шест лица загинаа во невремето што вчера го погоди Рио де Женеиро, предизвикувајќи хаос и поплавување на улиците.

Брзината на ветрот достигнувала и до 110 километри на час, а поради одрони на кал и земја затрупани се многу патишта.

Невремето најмногу ги погоди фавелите во градот. Градоначалникот на Рио, Марсело Кривела изјави дека големата количина вода била неочекувана и оти довела до трагедија.

Невремете дојде само неколку дена после најтоплииот јануари во последните 97 години во градот, кога температурата достигнувала и 42 Целзиусови степени.