Најмалку тројца убиени во пукањето во кугланата во Калифорнија

The Torrance Police Department says in a tweet there were Òreports of shots fired with multiple victims downÓ at Gable House Bowl.(Photo by OnScene.TV)

Најмалку тројца мажи се убиени, а четворица се повредени во пукање во куглана во близина на Лос Анџелес.
Пукањето се случило во „Гејбл Хаус Боул“ во Торанс, крајбрежен град на околу 30 километри јужно од Лос Анџелес. Во кугланата исто така имало ласерски и аркадни игри.

Полицијата информира дека истрагата е во тек и ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа. „Лос Анџелес тајмс“ објави дека членови на семејства се собрале на местото на настанот барајќи ги своите најблиски, и чекаат информации од полицијата.