Најавија бојкот па се предомислија, учениците во Лабуништа утре ќе го почнат второто полугодие

Жителите на Лабуништа кои вчера објавија дека утре нема да ги пуштат децата на училиште,поради нерешениот проблем со каменоломите,се препишманија. Ја повлекуваат одлуката за бојкот,бидејќи од Влада добиле допис со кој во четврток ги канат на состанок.И покрај одлуката на месната заедница на Лабуништа,учениците да не го почнат второто полугодие во основните и средните училишта во Лабуништа и Струга,тие сепак ќе седнам во училишните клупи. 

Револтот кај лабуништани е голем,бидејќи една третина од населението боледува од тешки респираторни заболувања.Здравјето ни е нарушено,земјиштето неплодно,а домовите уништени,затоа што каменоломите се оддалечени само 90 метри од куќите,велат.Во лекарската потврда која ја поседуваат стои дека во последните 3 години,бројот на заболени се искачил на 1850.

Нека се замисли Владата на Македонија кога ќе има избори во Лабуништа,многу лесно може да дојде до бојкот на изборите.Пред медиумите кажувам дека јас ќе ја водам таа кампања за бојкот на избори,па нека повелат на парламентарни, а посебно на локалните избори – изјави Алим Салоски – претседател на Здружение „Натура лаб“.

Министерот Бектеши повторно во обид да манипулира со Лабуништа. Нашиот тим поднеса претставки со јасни докази за прекршување на законските прописи, но од министерството за економија настапуваат со веќе позната, класична изјава “нема основ за одземање на концесиите”-велат од еколошкото здружение “Натура Лаб”. ” Од таму трдат дека имаат несоборливи докази дека концесионерите на двата активни каменоми го прекршиле законот за минерални суривини и дека не се држат до  договорите за концесионирање.

Еден од концесиониерите е голем даночен должник со неплатен данок од 35 милиони ден.Ова се официјални податоци, јавно објавени на УЈП – изјави Јасмин Ќазимоски Месна заедница Лабуништа.

Инаку со блокирање на патниот правец Струга-Дебар,лабуништани пред скоро еден месец одржаа предупредувачки масовен протест и најавија граѓанска непослушност доколку не се повлече целата механизација од каменоломите кои после 2 години повторно почнаа со работа,иако своевремено со одлука на Влада истите беа затворени.

После два изборни циклуси и многу лаги и ветувања,“фотељашите ” го изгубија слухот за проблемите на мештаните и повторно ја активираат рак раната на 15.000 жители-велат екологистите.

Росица Голабоска

Advertisements