Покачувањето на вицепремиерските плати ќе биде оспорено пред Уставен суд

Не стивнуваат негативните реакции по информацијата дека на петмината вицепремиери ќе им бидат зголемени платите за осум илјади денари, во услови кога платите на вработените во јавниот сектор стагнираат и насекаде се чувствува беспарица. Политичката партија Левица порачува дека со последните измени на законот за плата на избрани и именувани лица, всушност Владата се поигрува со правилата и неправедно им доделува уште поголеми примања на оние кои и онака имаат многу, додека на обичните граѓани им се ускратуваат и најмалите шанси за дополнителен приход.

Левица на чија иницијатива Уставниот суд претходно укинуваше токму вакви одлуки на Владата, најавува дека повторно ќе се жали кај нависоката судска инстанца во земјата.

  • Левица ќе поднесе нова претставка до Уставниот суд за платите на вицепремиерите да бидат вратени на претходното ниво – порачува Здравко Савески од Левица.

На информацијата дека со новиот коефициент за утврдување на плати на вице-премиерте ќе им бидат дополнети по осум илјади денари секој месец, реагираа и синдикатите. Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Благоја Ралповски, револтирано изјави дека иако барале покачување на платите во јавниот сектор не добиле ништо, бидејќи владата како приоритет си го поставила зголемување на платите на сопствените министри. За Алфа порача дека чашата е прелеана и дека ќе следуваат протести, а потоа би можела да следи и радикализација и организирање на генерален штрајк во јавниот сектор.

Драган Милосављевиќ