Националните телевизии со кривични пријави во борба за заштита на авторските права

Националните телевизија со кривични пријави ќе се борат за заштита на авторските права. Кабелските оператори и натаму нелегално реемитуваат странски канали, институциите молчат пред очигледната пиратерија, а телевизиските куќи трпат огромни штети, велат од здружението на петте национални телевизии ММА.

Обвинителството ја процесираше првата кривична пријава која телевизија „Телма“ пред скоро една година ја поднесе против кабелски оператор кој реемитувал спортски настан за кој телевизијата ги откупила авторските права.

Заштитата на авторските права е строго регулирана во западно евроспките земји, додека кај нас новиот закон за медиуми останува заглавен во Собранието.