Научниците преупредуваат: Ако спиете подолго во викендите, здравјето ви е во ризик

Надокнадувањето на сонот кој ви фали преку недела за време на викендите може да резултира со прекумерна тежина, велат резултатите од ново истражување.

Научно истражување покажува дека луѓето кои не спијат доволно преку неделата, но затоа „надокнадуваат“ за време на викендите, имаат обичај да ужинаат почесто и имаат зголемен ризик од дијабетес.

Ефектите по здравјето се полоши дури и во споредба со луѓето кои исто така не спијат доволно преку неделата, но и не надокнадуваат за време на викендите.

Студијата направена од универзитетот во Колорадо покажува дека конзистентен адекватен сон е најважниот за контролирање на апетитот и одржување на метаболитичкото здравје, пренесува Телеграф.

Во истражувањето биле вклучени 36 здрави луѓе меѓу 18 и 39 години кои две недели престојувале во лабораторија во која нивниот начин на исхрана, изложеност на светлина и сон биле постојано следени.

Учесниците биле поделени во три групи. Првата спиела 9 часа 9 последователни денови, додека друга група спиела само по пет часови во ист период. Третата група содржела луѓе кои пет дена спиеле по пет часови, но за викендот им било дозволено да се изнаспијат колкушто сакаат, после што се вратиле на петчасовниот режим на спиење.

Двете групи со ограничен режим на спиење јаделе повеќе во вечерните часови, ја зголемиле тежиината и ја намалиле чувствителноста на инсулин, знак кој е предвесник на можен дијабетес.

Но, интересно е што кај групата која постојано спиела по пет часови оваа чувствителност е намалена за 13 проценти, додека пак кај групата која за викенд добила право да спие подолго намалувањето било просечни 27%.

„Нашите наоди покажуваат дека востановената практика на трошење преку неделата, проследено со обид за надокнадување преку викендите не е ефективна стратегија за добро здравје“, вели еден од авторите Кенет Рајт.

Студијата е објавена во магазинот Карент Бајолоџи.