НАТО започнува најголема воена вежба по распадот на Советскиот сојуз

НАТО ја започнува својата најголема воена вежба по распадот на Советскиот сојуз, собирајќи десетици илјади трупи, за она што шефот на Западната алијанса го нарече „силен призказ“ на нејзината способност и единство во време на растечка опасност во Европа.

„Главната фаза на вежбата „Trident Juncture“ ќе започне утре во Норвешка“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Брисел додавајќи:

„Ова е важен ден бидејќи „Trident Juncture“ е најголемата вежба на НАТО од завршувањето на Студената војна.“

Вежбите предизвикуваат критики од Москва во услови на претстојните тензии меѓу НАТО и Русија, откако Москва го презема Крим од Украина во 2014 година и ги поддржа сепаратистите во конфликтот на истокот на Украина, но ја обвинува Алијансата за провокативно однесување во близина на нејзините граници.

Друг извор на тензии е, како што соопштува НАТО, руското распоредување на проектили кои го прекршуваат клучниот нуклеарен договор меѓу Русија и САД и кои потенцијално може да се искористат против членки на Алијансата во Европа.

„„Trident Juncture“ испраќа јасна порака до нашите нации и до секој потенцијален противник: НАТО не бара конфронтација, но ние сме подготвени да ги браниме сојузниците од секоја закана“, рече Столтенберг.

Во вежбите ќе бидат вклучени 65 бродови, 250 авиони, 10.000 возила и 50.000 војници. Ќе учествуваат сите 29 членки на НАТО, вклучително партнерите на Алијансата Шведска и Финска, рече Столтенберг додавајќи дека вежбите ќе се одржуваат во две фази од 25 октомври до 7 ноември и од 13 до 24 ноември.