Наставниците се жалат дека не се цени нивната работа, дека системот на вредности е целосно нарушен

Наставниците се жалат дека не се цени нивната работа, дека системот на вредности е целосно нарушен

„Најголемото богатство на училиштето, претставува моќта на наставникот„, но оваа мудра мисла денес е доведена во прашање. Ниски плати, наставни предмети предмети без учебници, изгубен авторитет со ова секојдневно се соочува македонскиот наставник. Ова се и причините поради кои младите се поретко ја избираат професијата наставник.

 „Во последно време се повеќе се губи интересот за оваа професија. Се соочуваме со проблемот иселување-бела чума, немаме учебници, немаме доволна мотивација во однос на финансискиот надоместок„изјави Јованка Шалева, наставник од Штип.

Во меѓувреме се изгуби системот на вредности, па се почесто слушаме за  инциденти во кои или наставник физиќкуи нападнал ученик или пак како што беше последниот случај во Виница кога родител го натепа учителот, бидејќи му го одзел телефонот на ученикот. На Светскиот ден на наставникот, просветните работници гласно реагираат дека го имат изгубено својот авторитет , а со тоа се губи и образовната компонента.

  „Се респектираат ли наставниците? Апсолутно не и вие сте сведоци  дека не. Не сакам да нагласувам дека учителот треба да го има приматот, меѓутоа треба да се почитува. Ако не се почитува редот, хиерархијата и не се одржува дисциплината, успех нема. Затоа се случува тоа што се случува денес. И насилство меѓу врсниците и сиромашен речник, изгубен систем на вредности „ изјави проф.Снежана Мирасчиева од  Факултетот за образовни науки при УГД.

Сепак  во светот кој се менува, предизвик е да се биде учител. Забрзаната примена на ИТ технологијата не може да го замени наставникот ниту пак да создаде фина моторика кај децата, децидни се наставниците. Според нив тоа е причината поради која денес се соочуваме со генерации кои не ги знаат буквите и не знаат да читат, а во својот речник повеќе користат странски, отколку зборови на мајчин јазик. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста