Народниот правобранител се надева дека скандалот „онкологија“ ќе добие судски епилог

Во случајот Онкологија има сериозна повреда на правата на граѓаните , а ова е само пример  кој најпластично ги покажува проблемите со кои се соочуваме, порача народниот правобранител Насер Зибери од тип. Тој се надева дека овој скандал кој ја потресе македонската јавност ќе добие и судски епилог. .

  • Примерот со Онкологија е само еден од егземплрите кои најпластично ги покажува проблемите со кои се соочувме. Тука мора да констатирам дека им сериозна повреда на правата на граѓаните во доментот на здравствената заштита за кој се надевам дека ќе добие судски епилогрече народниот правобранител Насер Зибери.

Зибери потенцираше дека пред шест месеци имат отворено предмет за недостатокот на потребните лекови за третман на пациентите на Онкологија, а истовремено ја следат ситуацијата и со недостатокт на лекот Трикафта, проширувањето на листата на лекови,како и нефункционалноста на „Мој термин„

  • Искрено да ви кажам се надевав многу со доаѓањето на новиот министер ситуцијата ќе се подобри и уште тогаш реков дека ние ќе ја следиме состојбата, не само во делот на Онкологија, туку и во други области во доменот на здравствената заштитарече народниот правобранител Насер Зибери.  

Во меѓувреме се поголем е бројот на лица кои во Јавното обвинителство се повикаат на распит, за да се утврди дали на Онкологија имало кражба на лекови и цитостатици , како и манипулација со терапијата за болните од рак. Полицијата одзеде компјутери и друга документација, кои се предмет на анализи и вештачења. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста