Народниот правобранител преплавен од преставки на граѓаните

Граѓаните кои не наишле на правда во судовите , се почесто ја бараат кај народниот правобранител. Најголем број од преставките кои доаѓаат до него, се однесуваат на правосудниот систем. Во просек по 400тини преставки годишно, од кои, половина се однесувале на извршителите.

Вкупниот број на преставки оваа година ќе биде над 3000 и тоа ќе значи зголемување на бројот на преставките во споредба со минатата и пред минатата година за околу 10%. По области, најбројни се во делот на правосудството, со под области, како што реков, извршители, судови… – Истакна Правобранителот Зибери.

За се пониската доверба на граѓаните во правосудниот систем, правобранителот упати критики до републичкот судски совет, како и до советот на јавни обвинители, за кои се сомнева дека имаат капацитет, подготвеност и ресурси да се справат со состојбите во правосудството.

Без некоја по активна улога на сите сегменти на власта, тука мислам на владата, собрание, судство.. Тешко мислам дека ќе имаме некое посериозно подоборување. Ние требаше да чекаме да ни сигнализираат и упатуваат критики од страна на амбасадата на САД и Европска Унија, за да се свестиме и отрезнеме дека состојбата не е добра. – Потенцираше Зибери.

Најновите истражувања на јавното мислење и перцпеции, во континуитет покажуваат ниска доверба во македонскиот правосуден систем. Истражувањата спроведени од различни институти се почесто доаѓаат до слични резултати, дека едвај 4 % од граѓаните веруваат во одлуките и работата на судиите и обвинителите.

Државниот врв како решение нуди „ветинг“ во судството. Судиите да бидат предмет на темелни проверки и испитување за недоследно постапување или корупција, но, поучени од примерот во соседна Албанија, каде по ветнигот, државата остана без огромен број судии, макеоднските државници се уште се колебаат и тактизираат за тоа, кога би бил најдобриот момент за да се спроведе таков процес.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста