Направете сируп од виски и болката во грлото ќе исчезне

Настинката знае да биде многу здодевна, а многумина веднаш посегнуваат по лекови. Упорната кивавица и болка во грлото може да ги излечите и по природен пат, а овој рецепт многу ќе ви помогне.

Според една статија од магазинот „Time“, објавена во 1941 година, вискито е еден од најевтините и најдобрите лекови против болки што му се познати на човештвото.

Во оваа статија, двајца доктори тврдат дека мала количина од овој алкохолен пијалак може да ја намали болката за 45% за само два часа.

Овој едноставен рецепт со мед ќе му помогне на грлото и е вистински природен разредувач на слузта во белите дробови.

Сепак, бидете внимателни, бидејќи може да дехидрирате од премногу виски, а тоа никако не ви треба, особено кога сте болни.

Потребни состојки:
  • 0,5 децилитри виски
  • половина лимон
  • една чаша вода (по желба)
  • 1 лажица мед
Начин на подготовка:
  • Измешајте виски, лимонов сок и вода (ако ја користите) и загрејте ја напивката во микробранова или на шпорет.
  • Тргнете го сирупот од рингла и додајте мед.
  • Измешајте, па повторно ставете го да се грее.
  • Немојте да ги пиете сирупот премногу топол. Најдобро е да биде на собна температура.