Нападнат новинарот Златев кој објави документи за градбата на Шилегов на Маврово

Скандал во Маврово. Нападнат новинарот Љупчо Златев кој денеска на лице место токму од Маврово сакаше да ја информира јавноста за случајот поврзан со викенд куќата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Според Златев, тој и неговиот снимател биле нападнати додека снимале околу викендичката на Шилегов.

Златев за Алфа објаснува дека отишол во Маврово за уште еднаш да ги потврди неговите сознанија, дека дворот на викенд куќата на Шилегов всушност е на државно земјиште.

Екипата на телевизија Алфа денеска беше во Маврово каде се наоѓа викедницата на Шилегов која се уште е во фаза на изградба и е во непосредна близина на брегот на Мавровското езеро.

Инаку Златев, преку својот интернет портал деновиве објави неколку скандали поврзани токму со викедницата на Шилегов. Најпрво беше објавено дека во дворот на вилата на Шилегов се реди гранитна коцка, која што според информациите кои ги објави Лидер, е коцка од депоата на град Скопје, а која била извадена од Плоштад и улица  Македонија, скопскиот татко ги негираше ваквите инфомации . Денеска пак  порталот објави  катастарски документи кои според пишувањата на Златев покажуваат дека Шилегов узурпирал над 1000 м2 државно земјиште, кое се наоѓа непосредно над неговата викендица во Маврово и го претворил во дворно место. Инаку за узурпазија на државно земјиште предвидена е казна затвор од 1 до 5 години.

Мери Ѓорѓиевска