Нанев: има пропусти во законската регулатива за правосуден испит

И правната фела признава дека има сериозни пропусти во законската регулатива за полагање на правосуден испит. Според преседателот на Основниот суд во Кавадарци Лазар Нанев, потребна е да се направи целосна анализа не само во образовниот, туку и во целокупниот систем, а во иднина да  се обрати внимание на квалитетот на законските решенија коишто се носат..

Неспорно е дека имаме сериозни проблеми во тој дел, недостатокот или недореченоста на законската регулатива исто така влијае, но мислам дека човечкиот фактор или онаа би рекол матрица, којашто постои во општеството и генерално самите состојби директно влијаат и се производ на сето она што ни се случува во овој момент„ изјави Лазар Нанев, преседател на Основен суд во Кавадарци.

Дека положениот правосуден испит на синот на спикерот Талат Џафери, Барлет Џафери е фалсификат,  за Алфа го коментираше поранешниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски, додавајќи дека е невозможно е да ги нема документите со кои помладиот Џафери се стекнал со звање од траен карактер.Според Илиевски судир на интереси има и во Антикорупциската комисија која работи на случајот, каде еден од членовите е во роднинска врска со Џафери. Инаку антикорупционерите не можеа да проверат дали синот на Џафери положил правосуден испит пред да се стекне со високо образование, бидејќи документите од Правда се исчезнати. 

Александра Ристевска

Advertisements