Наместо цвеќе, повеќе права – пораки од жените за 8. март

“Наместо цвеќе ,сакаме повеќе права” – под ова мото, жените од конфедерацијата на слободни синдикати маршираа со цел да се поттикне свеста кај жените за нивните работнички права.

8. март во нашата држава се прославува со различни манифестации. Во светот мегународниот ден на жената, пак, се  слави  со поттик за слободно изразување на своето мислење и кампањи за еднакви права, заштита од дискриминација и подобрување на статусот во општеството. И денеска, стотици илјади жени ширум светот излегоа да маршираат со овие барања.

Годините кои претходеле на 1910та, ги одбележале силни полови разлики и мал процент на вработени жени во индустриски развиените земји.

Оние кои работеле биле вработени во текстилната индустрија, производството и како домашни помошнички. Работеле во многу лоши услови и за многу малку пари. Во Европа, Велика Британија, Америка и во помал обем и Австралија, жените се позасилено лобирале за своето право на глас.

8-ми март  е симбол на борбата на жените од целиот свет за еднаквост и права и потсетник уште колку има за одење на тој пат.

Јована Грчева