НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Наместо оставки, спремајте си одбрани, ќе играте фудбал во Идризово“, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со пораки до ДУИ

„Евтини трикови не ви проаѓаат повеќе. Оставките ќе ви ги завери Македонскиот народ на следните парламентарни избори, после кои, следната утакмица фудбал ќе ја изиграте во Идризово“……„Министриве можат и пресуди да си потпишат, нивен проблем. Проблем на народот е нивниот криминал, нивното беззаконие, нивната алчност, нивната неписменост да прават и потпишуваат штетни договори за Македонија! ….Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи ги коментираат оставките што ги депонираа министрите од ДУИ, со најава дека ќе станат активни во моментот кога опозицијата ќе ги поддржи уставните измени во Собранието.

„Министрите може и пресуди да си потпишат, нивен проблем. Проблем на народот е нивниот криминал, нивното беззаконие, нивната алчност, нивната неписменост да прават и да потпишуваат штетни договори за Македонија. Овие проблеми ќе се решат, одговорност ќе има! Дополнително, како на мало дете, да повториме за власта во заминување: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата НЕМА да гласаат за уставните измени под бугарски диктат“, предупреди пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, пак, на министрите од ДУИ им порача, наместо оставки, да си подготват одбрани.

„Доста глумење жртви, разум и европски вредности зашто вие сте сѐ, освен тоа. И, да, може и фудбал да ви дозволат да играте во затвор, се разбира – ако сте послушни“, вели таа.

„Евтини трикови не ви проаѓаат повеќе. Оставките ќе ви ги завери македонскиот народ на следните парламентарни избори по што следниот натпревар во фудбал ќе го изиграте во ‘Идризово’“, реагира Мирче Аџиоски.

Пратеникот Миле Лефков пак смета дека министрите не се учесници во процесот на менување на Уставот и со оставките ја злоупотребуваат својата положба.

„Министерските места што си ги користеа за бизниси, за рекет, за провизии, за обезбедувања блиски, од денес јавно се користат и за ПОСРЕДУВАЊЕ при спроведување туѓи барања! Министрите НЕ се учесници во процесот на менување на Уставот, со ова ја злоупотребуваат својата положба и се обидуваат ПРОТИВПРАВНО да ПОСРЕДУВААТ во туѓ интерес! Кривично дело по дефиниција! Противправно посредување чл. 359 од КЗ.
(2) Тој што со искористување на својата службена или општествена положба или влијание ќе посредува да се изврши службено деіствие што не би смеело да се изврши, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“, реагира Лефков.

Најголемата опозициска партија веќе предупреди дека било убаво што ДУИ почнала да се подготвува за падот на оваа влада. Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа оставките кои ги поднесоа министрите од редовите на интегративците да ги активираат и да се оди на брзи избори за народот да се отараси од оваа криминална и корумпирана власт.

„Веруваме дека времето во опозиција и на СДС и на ДУИ добро ќе им дојде да се реформираат и да си подготват добра одбрана кога ќе одговараат за криминалите кои ги направија во овие години“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.