НАЈНОВИ ВЕСТИ

Наместо одземање на ингеренции, Мерко си назначува нови директори на струшките училишта

Случајот со организираниот образовен криминал во Струга и струшко каде незаконски се поставувале директори во основните училишта, ресорниот министер Јетон Шаќири го заташкува со поставување на нови директори. Тој не размислува да му ги одземе ингеренциите на Рамиз Мерко во чиј универзитет,Шаќири се до описменувал за да стане доцент.За него ништо не значи нити иницијативата која Антикорупциска ја достави  до ОЈО за кривично гонење на градоначалникот Рамиз Мерко, за незаконското поставување на директор во основото училиште во Велешта.

 “Немате конечни одлуки, имате препораки,знаете дека ДКСК ги дава препораките во обвинителство,немате затворени предмети.Вие дискутирате како да е заклучен предметот.Штом има ново именување на директор во некои од овие училишта што ги спомнавте, значи се отвора нова ситуација каде што има нова дискусија”-вели министерот за образование Јетон Шаќири.

Незаконското поставување на директор во основото училиште во Велешта не е единствен случај. Со незавршено високо образование во основното училиште во Подгорци директорувал ветеринарен техничар кој во меѓувреме се здобил и со диплома од Меѓунарониот универзитет во Струга. И во училиштата во Радолишта,Лабуништа како и во струшкото основно училиште “Браќа Миладиновци биле поставувани по неколку пати исти в.д. директори,без потребниот работен стаж од 5 години и без лиценца за директор.Од ОЈО за Алфа тврдат дека сите овие случаи една година правеле проверки.

ОЈО:”Предметите за кои покажувате интерес се во предистражна постапка. Основното јавно обвинителство Струга презема дејствија и обезбедува докази неопходни за проверка на наводите”.

Сакајќи да го заштити струшкиот градоначалник, скандалозно министерот Шаќири призна дека и во повеќето градови во државава незаконски се поставувале директори во основите училишта. Но, грбот на недопирливиот Мерко го штити и власта која наместо да се бори со корупцијата, преку измените на кривичниот законик се амнестираат токму луѓе кои се најдоа и на „црната листа“ на САД,меѓу кои е и Мерко.  Со измените на законот, струшкиот градоначалник е ослободен од дури 15 случаи кои се водат против него.

Росица Голабоска