Наместо лек, болните од цистична фиброза повторно добија ветување до нова година, и тоа само за најмалку 55 луѓе
Лажните ветувања ја прелија чашата со трпение – пациентите со цистична фиброза се уште се без лекот Трикафта. Кога ќе го добијат нема конкретен датум. Од Министерството за здравство повторно добија ветување, дека до крајот на годината ќе биде обезбеден лекот за најмалку 55 пацинети. Болните цели седум месеци молат за лекот, а јавноста слуша дека се потребни измени на закони, буџет, протоколи и листи но ништо од тоа не го донесе Трикафта во рацете на болните. Пацинетите во страв и исчекување прашуваат кој одлучува за нивната судбина?
“Сега не ни дадоа датум точна бројка, иако ние инсистиравме на тоа за да се чуствуваме посигурни.Со оглед на тоа што ако добијат подобра цена со самите преговри бројката ќе биде повисока.Значи се останува на ќе? Да останува истата ситуација како и претходните седум месеци.Ако се одлучи колективно дека најдобриот начин е протест ќе се оди со протест!” – вели Фики Гаспар, претседател на АЦЗ.
Од кабинетот на Меџити, се правдаат дека министерството ги направило сите процедури за набавка на лекот и сега се било рацете на Бирото за јавни набавки.
“Треба да се промени модулот за набавка бидејќи се спроведува спрема различен тип на јавна набавка за која што им треба припрема на бирото за јавни набавки и според тоа ние не можеме да дадеме точен датум кога ќе се објави тендерот.Што се однесува за нас, како министерството за здравство ние имаме постапено до крај сега останува работата на бирото за јавни набавки” вели Берна Шерифовска, портпарол на МЗ.
Инаку, битката за „Трикафта“ трае со години, но лекот во Македонија првпат стигна во март и тоа за за мал број на пациенти, откако претходно почина 45 годишниот Благојче Илиевски кој не го дочека лекот.