Намалена казната на возачот кој ја уби Фросина – бурни реакции во јавноста

„Или ќе има правда за моето дете, или ќе станеме Див Запад, па секој ќе се снаоѓа како знае и умее, да си ја земе правдата во свои раце“

Со ваква реакција таткото на Фросина Цековска ја прими веста дека Скопска Апелација му ја намалила казната на три години затвор на возачот кој пред 4 години ја прегази младата студентка на пешачки премин кај Универзална сала во Скопје.Во изјава за портало А1 он. Цековски изразува голема разочараност и незадоволство од одлуката и предупредува дека ќе продолжуи да ја бара правдата за неговата трагично настрадана ќерка.

Тој, вели дека, болката е уште поголема од пред 4 години и е целосно неприфатлива толку ниска казна за човек кој, како што вели, со 160 километри на час усмртил друг човек на пешачки премин и притоа избегал и не пружил помош.

Таткото реагира и за недоследности и неразјаснети околности во целиот процес, сведоци тврделе дека ќерка му поминувала додека било запалено зелено светло за пешаци на семафорот, а истрагата утврдила дека било вклучено црвено. Кога побарал да се врати снимката од камерите и да се зумира, вели8 дека тоа не му било дозволено. Во првичната постапка, Кривичниот суд го осуди 29 годишниот Љубиша Видојковиќ на 6 години затвор, а Апелација го врати случајот на повторно судење. Во повторениот судски процес, тој доби затвор од 4 години, за сега второстепениот суд, да му ја намали казната на 3 години. Инаку, кај 29 годишниот Љубиша Видојковиќ биле утврдени 1,2 промили алкохол во крвта вечерта кога се случила несреќата.