Над 200 деца ќе бидат згрижени во семејства со кампања на УНИЦЕФ

Над 200 деца без родителска грижа кои се сместени во институциите низ земјава, треба да бидат опфатени со тековната Кампања Секое дете заслужува семејство, финансирана од УНИЦЕФ. Меѓу нив, најбројни се бебињата, кои се сместени во битолскиот Дом за доенчиња, вкупно 70, а не е мал ниту бројот на децата со посебни потреби.

Прилеп спаѓа во општините кои во изминатите години имаат најголем број на згрижувачки семејства. Некои од нив деца чуваат и со децении. Велат, обврската е можеби тешка, но многу повеќе е благородна.

Според директорот на прилепскиот МЦСР, Живко Силјаноски, 20 прилепски семејства имаат згрижено 34 деца, а интерес постоел и кај нови.

Ваквата идеја за институционално решавање на овој горлив проблем, особено е значајна сега, кога во јавноста излегуваат се повеќе информации дека децата кои се сместени во Домовите, очигледно не ја добиваат потребната инситуционална грижа, па се почесто се жртви на разни девијантни појави, особено на малолетната проституција.

Каролина Дурло