Над половина од сливите ќе завршат на депонија

До крајот на неделата завршува овогодинешниот откуп, а во Делчево откупени се едвај 1/3 од произведената модра слива, се жалат одгледувачите. И годинава ќе биде запаметена по добар квалитет, но без организиран откуп. Од над 10.000тони, откупени се помалку од 3000тони. Поради затворените откупни пунктови, овоштарите стравуваат дека нема да ги добијат субвенциите и парите од Интервентната програма  од која  производителите добиваат дополнителни два денари по килограм доколку својот род го предадат кај регистриран откупувач од 20август се до крајот на септември.

На почетокот од месецот имаше откупувачи , додека беше прва класа и имаше квалитет . тоа траеше околу седум дена…. сега голем процент од сливата е обрана и во вреќе седи во откупните центри и нема кој да ја купе…јас сум и регистриран откупувач, ја откупив од луѓето и сега така стои нема каде да се даде„-вели Атанас Ангеловски, откупувач и производител на модра слива.

Годинава откупната цена е симболична. Модрата слива се откупува од 6 до 12 денари, а од тие пари четири денари се наменети за берачите, се жалат сливарите. Последна надеж им е откупот за ракија, но бидејќи во најголем дел се физички лица, сливарите треба да се откажат од четирите денари помош од државата..

  „Сега има такви мали трговци кои земаат 2-3тона за Кванташки пазар. Ја плаќат 12денари….. Воопшто не е исплатлливо и од државата не можат да ги земат тие пари бидејќи не се лиценцирани откупувачи„-изјави Атанас Ангеловски-откупувач и производител на модра слива.

Годината што изминува ќе остане запаметена како најтешка, не само за сливарите, туку и за сточарите и останатите земјоделци. По минатонеделниот протест во Берово, за утре протест најавуваат и земјоделците од Овчеполието. И тие се гневни бидејќи и покрај тоа што кај нив нема регистриран случај на Африканска чума  ќе мора да ги заколат своите свињи. Со трактори ќе го блокираат центарот на Свети Николе за да го искажат револтот за како што велат неправилното доделување на земјоделско земјиште, но и новиот модел за субвенционирање. 

Александра Ристевска

Advertisements

Поврзани вести